Новооткриен вид бубачка го доби името по активистката Грета Тунберг

- Advertisement -

Новооткриен вид бубачка го доби името по шведската активистка против климатските промени Грета Тунберг. Бубачката Nelloptodes gretae е долга помалку од еден милиметар и нема ни крила ни очи. Меѓутоа, инсектот има два долги рогови како антени.

Научникот Мајкл Дарби рече дека го избрал ова име затоа што неизмерно го импресионирала еколошката кампања на шведската тинејџерка. Бубачката Nelloptodes прв пат ја пронашол Вилијам Блок во шеесеттите години од минатиот век во Кенија. Тој своите примероци на малата бубачка ги подарил на Природно-историскиот музеј во Лондон во 1978 година. Примероците од бубачката се наоѓаат во една од музејски збирки.

- Advertisement -

Дарби долго ја проучувал оваа збирка кога наишол на дотогаш неоткриени и безимени видови. На една од нив потоа одлучил да и го даде името на Грета. Со ова именување Дарби вели дека сака да оддаде почит на извонредниот придонес на Грета во подигнувањето на свеста за еколошките проблеми.

Грета не е првата личност по која некој животински вид го добил името. На списокот со такви личности се Боб Марли, Бијонсе, Доналд Трамп итн.

Сподели!
- Advertisement -