Руската војска во текот на воената вежба „Запад“ претстави борбени роботи кои можат да уништуваат тенкови без опасност по руските војници. Роботите испалувале противоклопни проектили и користеле монтирани фрлачи на пламен додека луѓето што управувале со нив безгрижно седеле на безбедно растојание од бојното поле.
Во текот на презентацијата , меѓу другото, два борбени модели ги демонстрирале своите можности и оружјето и симулирале стрелање насочено кон непријателот. Еден од двата воедни модели е оклопно борбено возило Uran-9, направено како конвенционален тенк, но со него може да се управува од далеќина. Може да биде наоружан со топови и ракетни системи и да биде опремен со инфрацрвени и ласерски сензори за да ги најде и да ги погоди своите мети.
Борбеното возило Nerekhta е второто роботизирано возило кое се користело за време на вежбата. Се движи со гасеници, опремено е со централен топ, а дизајнирано е за мисии на извидување на терени кои се опасни за војниците. Ова возило има и митролез, како и минофрлач.
(Klix.ba)
(фото: YouTube)