Производителот на товарни возови во соработка со Универзитетот Карнеги Мелон ја претстави првата електрична локомотива на батерии во светот. Компанијата со седиште во Питсбург, Пенсилванија, вели дека нивната нова машина е драстично помоќна отколку електричните автомобили на Tesla. Додаваат дека таа може да помогне значително да се намали емисијата на јаглерод диоксид во веќе релативно „зелениот“ сектор за товарни возови.
Батерискиот систем на возот може да се комбинира со традиционален дизел мотор за да се намали консумацијата на гориво за над 11%, а тоа води до намалување на емисијата на јаглерод диоксид за до 11%, што е исто како да се заштедиле околу 23.000 литри нафта и да се испуштиле 70 тони помалку јаглерод диоксид.
Новиот воз се вика FLXdrive и одлично го помина тестирањето во Калчифорнија. Возото тежок околу 200 тони работи на 18.000 литиум-јонски батерии. Енергетскиот капацитет на возот е 2,4 мегават-часови со помош на регенеративно кочење.
FLXdrive има контролен систем со вештачка интелигенција наречен Trip Optimizer, кој го контролира протокот на енергија со цел да се оптимизира енергетската ефикасност. Wabtec исто така развива втора генерација воз на батерии со капацитет од 7 мегават-часови, кој велат дека може да ја намали консумацијата на гориво и емисијата на стакленички гасови за до 30%.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)