Најбелата боја во светот освои и Гинисов рекорд

- Advertisement -


Истражувачи од Универзитетот Пердју направија боја која е толку бела што ако една зграда се бојадиса со таква боја може да се намали, дури и да се елиминира потребата за клима уреди. Бојата е толку бела што доби и гинисов рекод за најбела боја во светот.

Уште во април годинава пишувавме за формулата за бела боја на Универзитетот Пердју, која рефлектира до 98,1% од светлината. После тестирање на стотици различни рефлективни материјали, тие одлучиле да користат екстремно висока концентрација на хемиската состојка наречена бариум сулфат, која вообичаено се користи за правење хартија за фотографии и за бела козметика.

- Advertisement -

Тимот исто така во бојата користи различни големини на честички од бариум сулфат за да може да одбива поголем дел од спектарот на сончевата светлина затоа што честичките со различна големина рефлектираат различна бранова должина.

Тимот од Пердју тврди дека ако се покрие кров со површина од околу 92 м2 со оваа боја ќе биде исто како да се има ладење со јачина од 10 киловати, што е повеќе отколку централното ладење во повеќето домови.

- Advertisement -

Тимот додава дека можат бојата да ја направат уште побела, но формулата која ја искпристиле тие е најисплатлива. Истражувачите откриваат дека склучиле партнерство со некоја компанија и наскоро ќе ја пласираат бојата на пазарот.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -