Стопанска банка а.д. Битола спонзор на познатиот фестивал на филмска камера ,,БРАЌА МАНАКИ’’ и други културни настани

- Advertisement -

Стопанска банка а.д. Битола во изминатите неколку денови беше горд спонзор и поддржувач на еден од најзначајните културни настани во нашата земја и на меѓународно ниво – Интернационалниот фестивал на филмска камера ,,БРАЌА МАНАКИ’’.

Денеска, со завршувањето на 42-то издание на овој фестивал се заокружуваат неколку извонредни денови во кои Битола живееше во шармот на филмската уметност и магијата на врвните филмски остварувања. Со бројни, познати гости и посетители овој прв и најстар фестивал во светот, кој е посветен на креативноста на кинематограферите, под мотото „И покрај сè“ умешно ја преслика страста која може да се доживее на големото платно.

- Advertisement -

Покрај овој значаен културен настан, Стопанска банка а.д. Битола во изминатиот период беше спонзор и на одбележување на 25годишнината од постоењето на групата ,,Фолтин’’ која одржа концерт на античкиот локалитет Хераклеја. Симболично, Хераклеја е истата локација на која пред 25 година оваа група ја започна својата успешна приказна која им донесе и светска слава.

Како центар на културните случувања овој месец, во Битола се одржа и манифестацијата ,,Битола отворен град’’  во организација на МКЦ- Битола. Јубилејно, по 20ти пат овој фестивал ги сплоти уметноста и музиката и понуди содржина за сите генерации. Стопанска банка а.д. Битола исто така беше поддржувач и на ова културно случување.

- Advertisement -

‘’Веруваме дека поддршката на културата, во сите нејзини аспекти и форми е клучна и движечка сила на сите општествени, позитивни промени. Стопанска банка а.д. Битола секогаш, со огромно задоволство изразува поддршка и е пријател на големи културни случувања кои потсетуваат и ги враќаат вредностите на кои сите понекогаш, поради времето во кое живееме, знаеме да заборавиме’’.

Сподели!
- Advertisement -