Европската Унија препорачува универзални полначи за телефоните

- Advertisement -

Производителите ќе бидат принудени да создадат универзално решение за полнење на мобилните телефони и помалите електронски уреди, според новиот предлог на Европската комисија (ЕК), јавува „Би-Би-Си“.

Целта е да се намали отпадот со поттикнување на потрошувачите повторно да ги користат постојните полначи при купување нов уред.

- Advertisement -

Сите паметни телефони што се продаваат во ЕУ мора да имаат УСБ-Ц полначи, се вели во предлогот.

Компанијата „Епл“ пак предупреди дека ваквиот потег ќе им наштети на иновациите. Технолошкиот гигант е главен производител на паметни телефони кои користат приспособен влез за полнење.

- Advertisement -

„Ние и понатаму сме загрижени дека строгата регулатива со која се налага само еден тип конектори ја задушува иновацијата, наместо да ја охрабрува, што пак ќе им наштети на потрошувачите во Европа и низ целиот свет“, велат од компанијата за „Би-би-си“.

Промените ќе се однесуваат на приклучокот за полнење на уредот, додека крајот на кабелот поврзан со адаптерот може да биде УСБ-Ц или УСБ-А.

Сподели!
- Advertisement -