Колку долго ќе ви траат залихите од тоалетна хартија? Пресмeтајте сами со помош на овој калкулатор

- Advertisement -

Една од последиците на епидемијата на корона вирусот во светот е купувањето енормни количини тоалетна хартија, која денес стана еден од најбараните артикли во светот. Фотографиите од луѓе кои во своите корпи за пазарење имаат само цели купови од тоалетна хартија се појавуваат насекаде на Интернет. Ова е нешто што ќе остане запаметено како карактеристика на овој бурен период.

Интересно е тоа што покрај толку продукти кои се битни за опстанок во кризни ситуации, луѓето прават залихи од тоалетна хартија кои ќе им траат со месеци. Но, колку тоалетната хартија му е потребна на едно домаќинство за да го преживее периодот на изолација?

- Advertisement -

Некој се обидел да одговори и на ова прашање, па ја стартувал страницата How much toilet paper? Страницата ја направија девелоперот на софтвер Бен Сасон и уметникот Сем Харис од Лондон, кои сакаа истовремено и малку да се пошегуваат со луѓето.

Но, за брзо време страницата стана алатка која ги едуцира масите и им помага да престанат на купуваат тоалетна хартија. Алатката е релативно едноставна. Го внесувате бројот на ролни кои ги имате дома и бројот на „посети“ на тоалетот. Ќе ви се појави бројка која ви кажува колку време ќе ви траат залихите. На пример, ако имате останато 10 ролни, а одите во тоалет три пати дневно, тие залихи ќе ви траат 53 дена.

- Advertisement -

Но, има и напредна опција во пресметувањето да се додаде бројот на членови во семејствто, бројот на листови хартија во ролната. Резултатот е забавна алатка за пресметување колку време ќе можете да останете дома во изолација.

Сподели!
- Advertisement -