Церемонијата за доделување на Нобеловата награда нема да се одржи ниту годинава

- Advertisement -

И годинава нема да се одржи церемонијата за доделување Нобелова награда и ќе им биде врачена на лауреатите во нивните земји, објави Нобеловата фондација.

Традиционалната церемонија минатата година беше заменета главно со дигитална поради пандемијата.

- Advertisement -

„Мислам дека секој би сакал да заврши пандемијата, но тоа се уште не е така“, се вели во соопштението на Нобеловата фондација.

Организаторите се надеваат дека ќе можат да одржат мала локална церемонија на доделување награди, каде што нема да има лауреати.

- Advertisement -

Нобеловата фондација вели дека церемонијата ќе се емитува на телевизија, а преносот во живо ќе биде достапен на дигиталните платформи на Нобеловата награда.

Добитниците на наградата за мир и во областите медицина, физика, хемија, литература и економија ќе бидат објавени помеѓу 4 и 11 октомври.

- Advertisement -

Фондот за награди е основан од шведскиот пронаоѓач на динамит и претприемач Алфред Нобел. Наградите се доделуваат од 1901 година.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -