Кинескиот производител на вакцини Beijing Wantai Biological Pharmacy Enterprise идниот месец планира да почне големо истражување на кандидати за вакцина против КОВИД-19 во форма на спреј за нос.
Компанијата сака да ангажира 40.000 возрасни испитаници за третата фаза од клиничките испитувања, покажуваат податоците објавени во кинескиот регистар на клинички испитувања.
Возрасните учесници во испитувањето во период од две недели треба да примат две дози од потенцијалната вакцина Beijing Wantai или плацебо вакцина. Во регистарот не е објавено во колку земји ќе се одвива испитувањето, но пишува дека Комисијата за етика на Филипините ја одобрила студијата.
Претставник од Beijing Wantai зијави дека евиденцијата за регистрација не значи дека компанијата официјално ја започнала третата фаза од клиничките испитувања. Тој додаде дека компанијата и понатаму чека одобрение на документи од властите. но не наведе од кои земји.
Вакцината во форма на спреј, како алтернатива за вообичаената инјекција во рака, може да предизвика специфични имунолошки реакции во дишните патишта. Потенцијалната вакцина во спреј користи ослабен вирус на грип за пренос на генетски информации за делови од корона вирусот.
(Zimo)
(фото: Flickr)