„Мерцедес-Бенц“ ја намалува опремата за автомобили поради недостиг на чипови

- Advertisement -

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ потврди дека поради кризата со чипови, не може да ги испорача сите возила со комплетна техничка опрема.

– Во такви случаи, клиентите можат да ги добијат нарачаните автомобили со намалена опрема по пониска цена, изјави портпаролка на „Мерцедес-Бенц“.

- Advertisement -

Доколку купувачот не се согласи со изменетата понуда, може да се повлече од купопродажниот договор, се додава во соопштението. „Мерцедес-Бенц“ со тоа го демантира написот во локалниот дневен весник Штутгартер Нахрихтен, според кој нарачката не може да се откаже.

Оној што ќе преземе автомобил со редуцирана опрема, не може да очекува негова последователна надградба, бидејќи тоа не е секогаш возможно поради технички причини, објави одделот за продажба на „Мерцедес-Бенц“. Тие не наведоа колку автомобили се нарачани и кои модели ќе излезат од монтажната линија со намалена опрема поради кризата со чипови.

Сподели!
- Advertisement -