Бил Гејтс напиша книга во која објаснува како да се спречат идните пандемии

- Advertisement -

Кога почна пандемијата на новиот корона вирус, која за кратко време го смени целиот свет, многумина како главен виновник го посочија Бил Гејтс. Основачот на Microsoft, кој со години беше најбогатиот човек во светот, а сега тежи над 130 милијарди долари, уште минатата деценија предупредуваше на идна пандемија, за која светот не е спремен.

Кога тоа сценарио се оствари, за многумина тој беше главниот виновник и се најде на удар на теоретичарите на завери. Иако тој повремено ја коментираше ситуацијата со пандемијата, Гејтс го посвети своето време на пишување книга.

- Advertisement -

„Како да се спречи идната пандемија“ е неговата најнова книга, која ќе се најде во продажба во мај годинава, а како што кажува самото име, Гејтс во неа пишува што треба да направи човештвото за да се спречи некоја идна пандемија, но и општо да се подобри глобалниот здравствен систем.

Книгата содржи знаење кое го стекнал разговарајќи со здравствени експерти, вклучувајќи го и главниот здравствен советник на американскиот претседател, Ентони Фаучи, и првиот човек на СЗО, Адхан Гебрејесус.

- Advertisement -

Освен неговите сознанија за пандемијата и за тоа како да се спречи некој иден вирус да се прошири во светот, во книгата има и делови за ставот на Гејтс за теориите на заговор. Со оглед на тоа дека книгата уште не е објавена, не е познато точно што напишал, но ќе биде интересно да се види неговото мислење.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -