Која социјална мрежа ќари најмногу нови корисници од падот на Фејсбук?

- Advertisement -

Големиот пад на системот и исклучувањето на работењето во понеделникот на „Facebook“, „Instagram“ и „WhatsApp“, им оневозможи на корисниците пристап до овие платформи со часови. Очекувано, корисниците се свртеа кон алтернативни платформи, и се чини дека „Telegram“ излезе од сето ова како голем победник.

Павел Дуров, основачот на оваа мрежа, тврди дека исклучувањето на „Facebook“ доведе до повеќе од 70 милиони корисници на платформата „Telegram“ за само еден ден.

- Advertisement -

Основачот на апликацијата тврди дека услугата функционирала беспрекорно за повеќето корисници, но додаде дека некои луѓе во Северна и Јужна Америка може да забележат побавна брзина од вообичаено поради зголемениот број на корисници.

Ова не е првпат „Telegram“ да профитира од проблемите со кои се соочува „Facebook“/„WhatsApp“.

- Advertisement -

Одлуката на „Facebook“ во јануари да ја смени политиката за приватност за „WhatsApp“ резултираше со голем број корисници кои се префрлија на „Telegram“. Дуров тогаш истакна дека 25 милиони нови корисници пристигнале на платформата за само 72 часа.

Сподели!
- Advertisement -