Американски стартап сака со интернет да ги поврзе Земјата, Месечината и Марс

- Advertisement -

Стартапот Aquarian Space објави дека добиле инвестиција од 650.000 долари за развојот на нивниот широкопојасен интернет за поврзување на Земјата, Месечината и Марс. компанијата минатата недела објавија дека инвестицијата ја добиле од Draper Associates.

Стартапот сака да го постави првиот лунарен систем до 2024 година. На нивната веб страница се вели дека иако луѓето трошат милијарди длари на вселенски мисии за научни цели, ограничената комуникавија во интерпланетарниот простор го отежнува преносот на битни научни податоци од сателитите до Земјата.

- Advertisement -

Aquarian сака да создаде систем наречен Solnet со користење на сателити за брз пренос на податоци од 100 мегабити во секунда. Стартапот не објави детали, но потврдија дека соработува со партнери од САД на техничките спецификации.

„Во 2021 година имаше 13 лендери, орбитери и ровери на и околу Месечината. до 2030 година ќе има околу 200, со што ќе се создаде лунарна економија вредна повеќе милијарди долари. Но, тоа не може да се случи без стабилна комуникација меѓу Земјата и Месечината“ вели Кели Ларсон, извршен директор на Aquarian Space.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Aquarian Space)

Сподели!
- Advertisement -