Формула 1 планира сите автомобили до 2025 година да возат на одржливо гориво

- Advertisement -

Формула 1 сака да ги одржи во живот моторите со внатрешно согорување што е можно подолго така што ќе развие 100% одржливо гориво. Новото гориво ќе може да се користи во постојните мотори без да мора да се модифицираат.

Организаторите на Формула 1 велат дека нивните планови за одржливо гориво се дел од нивната мисија до 2030 година да имаат нула емисија на гасови, иако на тоа може да се гледа како на обид да се потисне популарноста на Формула Е и електрификацијата на автоиндустријата.

- Advertisement -

Една од целите на Формула 1 за во иднина е до 2022 година да почне да користи E10 гориво, односно мешавина од 90% фосилно гориво и 10% етанол. Во нивната изјава се вели дека активно преговараат со компании за производство на гориво за креирање на доволна количина гориво за машпионатот. Како што беше случај и со други иновации кои од Формула 1 се префрлиле во комерцијалната автпоиндустрија, организаторите на шампионатот велат дека целта е евентуално да се скалира производството на новото гориво.

Новото одржливо гориво ќе биде креирано во лабораторија и од Формула 1 велат дека ќе биде направено со користење одржливи методи, како што заловување на јаглерод диоксид и биомаса. Како што додаваат оттаму, со новото гориво ќе се намали емисијата на стакленички гасови од нвините автомобили за 65%. .

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: publicdomainpictures.net)

Сподели!
- Advertisement -