Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април.
Најголемата криптовалута во светот се зголеми за речиси четири проценти до 59,465 американски долари. Тоа е највисоката вредност на биткоинот од средината на април, кога беше на рекордни 64.895 долари.
Американската комисија за хартии од вредност е подготвена да дозволи првиот американски биткоин ЕТФ (Пасивен трговски фонд) да започне со тргување следната недела, објави Блумберг.
Бен Каселин, раководител за истражување и стратегија на азиската берза за криптовалути, рече дека скокот на биткоинот над 59.000 долари не е произволен и дека долгорочните инвеститори го акумулираат веќе некое време.
– Се очекува да се постигне значителен напредок околу американскиот Биткоин ЕТФ во четвртиот квартал, рече Каселин.
Тој додаде дека денешните настани се поттикнати и од твитот од Канцеларијата за едукација на инвеститори СЕЦ. „Пред да инвестирате во фонд кој има термински договори за биткоин, внимателно проучете ги потенцијалните ризици и придобивки“, се вели во соопштението на СЕЦ. Претседателот на СЕЦ, Гери Генслер претходно изјави дека пазарот на крипто валути вклучува многу учесници кои можат да бидат нерегистрирани хартии од вредност и ги остава цените отворени за манипулација, а милиони инвеститори осетливи на ризик.
Фото – Freepik