Тим од американски хирурзи успеа да трансплантира свински бубрег во телот на човек, што е првата таква трансплантација успешно реалзииран во светот. Успехот на америкаснските хирурзи е револуционерен медицински чекор откако два дена после трансплантацијата потврдија дека органот функционира добро во човечкото тело.
Трансплантацијата беше направена во болницата Лангоне на Универзитетот Њујорк, а како донор е користена свиња на која сите гени и се модифицирани така што нејзините ткива не сдржат молекули кои инаку речиси моментално предизвикуваат отфрлање на органите кај човекот-домаќин.
Свинскиот бубрег е трансплантиран на жена која е во мозочна кома и се наоѓа на респиратор. Бубрегот е пресеаден од генетски модифицирана свиња и ја иодржувал пациентката во живот во текот на дводневната студија, без несакани реакции од организмот.
„Имавме добра идеја што значи ова за историјата и дека се случува прв пат во новата ера, каде што има ограничен број на достапни органи, па луѓето нема да чекаат на спасоносен орган“ изјави д-р Роберт Мнтгомери, хирург кој ја предводек студијата.
Само во САД има листа на чекање за органи од над 90.000 пациенти, а секојдневно 12 луѓе умираат и не дочекуваат да им биде рпресаден орган. многумина ги истакнуваат етичките прашања како тоа дека не е во ред да се одгледуваат свињи за да се искористуваат нивните органи. Монтгомерi и неговиот тим сметаат дека потребата за органи ги надминува етичките прашања.
(ITV)
(фото: Pexels)