НАСА во февруари ќе ја реализира првата мисија за враќање на Месечината

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА објави дека за фрвруари 2022 година планира полетување на својата мисија Artemis 1, со која се означува почетокот на американската програма за враќање на Месечината.

Таа мисија првобитно беше планирана за крајот на оваа година. Мисијата ќе го означи вистинскиот старт на програмата Artemis, со која САД сака да ги врати луѓето на Месечината, вклучувајќи ја и првата жена.

- Advertisement -

Првиот лет без астронаути на новата голема ракета SLS треба да ја понесе капсулатa Орион до Месечината и потоа да се врати на Земјата. Ако леталото не биде спремно за полетување навреме, другите датуми за лансирање се планирани во март и во април.

Ракетата со капсулата Орион се склопува во вселенскиот центар Кенеди во американската сојузна држава Флорида. Ракетата е висока околу 100 метри. На почетокот на јануари идната година ќе биде објавена првата генерална проба, а потоа ќе биде објавен точниот датум на ласнирање на такетата.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -