На 1 ноември започнува меѓународен натпревар за научна фотографија

- Advertisement -

Од први ноември до петнаесети декември годинава, ќе се одржи натпревар за научна фотографија на ниво на држава, а четворицата победници ќе имаат можност да се натпреваруваат во второто ниво од натпреварот, меѓународниот натпревар со учеснички фотографии од повеќе земји низ Европа и светот.

Овој меѓународен натпревар посветен на науката и нејзината поврзаност со фотографијата има за цел да ја поттикне јавноста да прави слики со научна тематика, збогатувајќи ги научните содржини при изборот и да ги приближи луѓето повеќе до науката. Истиот се организира во рамките на Викимедиините проекти кои припаѓаат на Википедија, како активна средина посветена на собирање и споделување на образовни содржини за сечија слободна употреба.

- Advertisement -

„Невозможно е да се замисли нашата култура без наука. И во визуелниот свет во кој живееме, не е доволно да се зборува за наука: потребно е да се визуелизира. Затоа го организираме овој натпревар, да го промовираме создавањето и, пред сé, бесплатната размена на сите видови слики поврзани со науката“, истакнуваат претставници на Википедија задолжени за Македонија.

Фотографиите ќе може да се остварат во седум категории: луѓе во науката, микроскопски фотографии, нефотографски медиум, сетови на фотографии, див свет и природа, општо и астрономија.

- Advertisement -

За учество потребно ќе биде фотографиите со висок квалитет и со научна содржина да се објавени со отворена лиценца и да имаат добар конкретен опис на македонски и на англиски јазик. Притоа секој учесник може да се пријави со неограничен број на фотографии.

Исто така, од таму соооштуваат дека натпреварот не се ограничува само со класични фотографии. Ќе се прифаќаат прикази направени со графика без поставување на јасна граница меѓу дадените категории.

- Advertisement -

Креативниот натпревар за прв пат бил организиран во 2011 година, а во 2015 година бил за прв пат одржан во Македонија. Во 2017 година натпреварот беше проширен на на нивото на целиот свет кога биле добиени 9.575 фотографии благодарение на учество на повеќе од 1.928 луѓе.

(Meta.mk)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -