Над 100 светски лидери ветија дека ќе престане сечењето на шумите до 2030 година!

- Advertisement -

Повеќе од 100 светски челници во понеделникот ветија дека до крајот на оваа деценија ќе ги стопираат и ќе ги променат трендовите на сечење на шумите и деградација на земјиштето, а тоа ќе биде поддржано со 19 милијарди долари јавни и приватни средства.

Декларацијата за користење на шумите и земјиштето ќе покрива шуми со вкупна површина од 33,6 милиони квадратни километри, а заедничката изјава на конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (COP26), која се одржува во Глазгов, меѓу другото, ја поддржаа Бразил, Индонезија и Демоктраската Република Конго, на чии територии се наоѓаат големи пространства дождовни шуми.

- Advertisement -

Според непрофитната организација World Resources Institute (WRI), шумите апсорбираат отприлика 30% од емисијата на јаглерод диоксид. Сепак, овој природен климатски тампон брзо исчезнува, а според податоците на WRI, светот во 2020 година изгубил 258.000 квадратни км шума, што е површина поголема од Обединетото Кралство.

Договорот од понеделникот е проширување на обврската која претходно ја прифатија 40 земји во склоп на Њујоршката декларација за шумите од 2014 година и оди понатаму отколку кога било во одредувањето на ресурсите за постигнување на таа цел, пренесува Reuters.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: European Committee of the Regions)

Сподели!
- Advertisement -