Американски научници направија тест кој открива дали некоја бактерија е отпорна на антибиотици

- Advertisement -


Научници развија техника за откривање на отпорноста на бактериите на антибиотици, која дава резултати за помалку од 90 минути. Тоа е драматично подобро во однос на два дена чекање кои се потребни ако се користи моменталната технологија.

Со мерење на метаболичката активност на бактериите со електрична сонда научници од Универзитетот Вашинготн во САД успеаја да постигнат за помалку од 90 минути да се испита отпорноста на бактериите на антибиотици. Тоа, всушност, значи дека докторите би можеле за многу кратко време да дознаат која терапија со антибиотици ќе биде ефикасна на пациенти кои имааат инфекции опасни по живот.

- Advertisement -

Идејата е докторите да ги добијат резултатите што побрзо за да можат да донесат клинички соодветна одлука во временската рамка во која работа, наместо да мора да чекаат, вели Даглас Кол, професор на Универзитетот Вашингтон и коавтор на студијата.

Наместо одгледување култури на бактерии, ние трагаме по метаболизмот и тоа е суштината на она што го откриваме со движењето на електроните, па тоа може да се случи во значително многу пократок рок во споредба со конвенционалните методи за одгледување култури“ вели Кол.

- Advertisement -

Отпорноста на бактериите на антибиотици се повеќе расте во светот и тоа се заканува на нашата способност за лечење на многу чести заразни болести. Моменталните техники за одредување дали некоја инфекција е отпорна на лечење со антибиотици бараат одвојување и одгледување на бактериите во лабораторија и и набљудување на растот на популацијата на така одгледани бактерии во процес кој може да трае два или повеќе дена, но на докторите кои имаат болен пациент им требаат информации веднаш.

(EurekAlert)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -