Грета Тунберг го нарече климатскиот самит COP26 „глобална бла-бла-бла“

- Advertisement -

Климатската конференција COP26 која се одржува во Глазгов е неуспех, изјави младата шведска активистка за климатските промени, Грета Тунберг. Таа присуствуваше на протест во Глазгов, каде што моментално се собрани претставници од речиси 200 земји на ОН.

„Не е тајна дека COP26 е неуспех. Ова повеќе не е климатска конференција, ова е глобална еко-манипулација на северот, двонеделна прослава на вообичаена работа и глобална бла-бла-бла. И понатаму не се слуша гласот на луѓето кои се најтешко погодени од климатските промени. Сепак, фактите не лажат. И сега знаеме дека ‚нашите цареви се голи‘“ рече Тунберг.

- Advertisement -

Таа порача дека историјата строго ќе им суди на учесниците на конференцијата и повика на размислување – сите да се запрашаме за што се бориме? Дали се бориме за себеси или за спас на планетата? Или се бориме за работите да останат такви какви што се?

„Нашите челници велат дека можеме да го имаме и едното и другото, но горката вистина е дека тоа не е возможно“ додаде Тунберг.

- Advertisement -

Во петокот улиците на Газгов ги преплавија многу млади луѓе. Учениците ги напуштија училниците и пееја по улиците на домаќинот на конференцијата, а ним им се придружија млади од целиот свет.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -