На највисоката точка на Гренланд по првпат врнеше дожд откако постои мерење

- Advertisement -

Дождовите и високите температури предизвика масовно топење на лед и снег до седум пати поголема количина отколку што е просечно за средината на август. На највисоката точка на гренландската ледена покривка по прв пат врнеше откако постојат мерења, што е уште еден загрижувачки знак за глобалното затоплување, соопштија научниците.

Врвот на ледената покривка е на висина од 3.216 метр и таму вообичаено врне снег. Меѓутоа, на 14 август температурата беше над 0 цели 9 часа, што доведе до дожд и до масовно топење на снегот и ледот, објавија од американскиот Национален центар за податоци за снегот и ледот.

- Advertisement -

Температурата на врвот на ледената покривка речиси неикогаш не е над 0, но забележани се трипати помали температури од процечните оваа деценија. Тоа никако не е добар знак за ледената покривка, велат некои глациолози.

Вкупно 7 милијати тони дожд падна на Гренланд за период од три дена од 14 до 16 август, што е најмногу откако почнаа мерењата во 1950 година. Дождот и високите температури предизвикаа масовно топење на снегот и ледот до 7 пати поголема количина отколку што е процечната за средината на август.

- Advertisement -

Истопениот снег и лед се слеваат во океаните и предизвикуваат пораст на нивото на водата. Досега топењето на гренландската ледена покривка, која е втора најголема во светот после Антарктикот, предизвика 1/4 од вкупниот пораст на нивото на морињата последните децении. Се очекува дека тој удел ќе расте поради порастот на глобалните температури.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -