Најголемата пловечка фарма во светот почна со работа во Тајланд. Фармата е направена на браната Сириндрон, која се наоѓа на тајландската река Лам Дом Нои.
Браната има капацитет на генерирање од 45 MW енергија со своите соларни панели, а оваа информација доаѓа во време која Тајланд почна да напредува во достигнувањето на целите врзани за карбонската неутралност.
Тајланд произведува 114.000 GW енергија со помош на природен гас, додека обновливите извори на енергија како што е соларната енергија, енергијата од ветрот и водата обезбедуваат помалку од 10% од потребите на населението. Остатокот се добива од јаглен.
Како прв чекор во менувањето на ситуацијата отворена е најголемата пловечка фарма во светот. Фармата има седум големи панели фотонапонски ќелии кои се поставени под одреден агол во однос на платформата. Тоа овозможува сончевата светлина до водата без влијание на подводната средина.
По својата големина фармата е колку 70 фудбалски игралишта со 145.000 панели направени од еколошки прифатливи материјали за да не се нарушува околината на резервоарите. Водената површина ќе помогне да не се прегреваат панелите и да бидат до 15% поефикасни од оние кои се поставени на копно.
Изградбата на фармата чинела 34 милиони евра, а нејзината излезна снага изнесува 45 MW. Дизајнерите вклучиле и три турбини кои може да се потопат во вода и да создаваат енергија кога нема сончева светлина или кога има поголема побарувачка за енергија.
Моментално се во план 15 слични проекти, кои ќе ја зголемат можноста за собирање енергија за 2.725 MW.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)