Бил Гејтс: Бројот на починати и заразени од КОВИД-19 на средината на 2022 ќе биде на ниво од сезонскиот грип

- Advertisement -

Бројот на починати и новозаразени од КОВИД-19 до средината на идната година може да дојде на нивото на сезонски грип под услов во меѓувреме да не се појават нови опасни варијанти, смета соосновачот на Microsoft и филантроп Бил Гејтс.

Во разговор за форумот на Bloomberg, New Economy Forum, кој се одржа во Сингапур, Гејтс истакна дека комбинацијата од голем број луѓе кои прележале корона вирус и оние кои се вакцинирале може значително да ја намали стапката на ширење на болеста, а потоа и стапката на смртност. За тоа ќе придонесат и новите лекови за КОВИД-19, кои беа претставени последните недели.

- Advertisement -

Вакцините се многу добра вест, а до средината на идната година треба и во најголема мера да се решат и проблемите со нивната дистрибуција и дполнителната побарувачка, појасни Гејтс.

Тој ја истакна Кина како пример на земја која релативно брзо ја исконтролира пандемијата, што значи дека најголем дел од населението тами немаше вистинска прилиа да се соочи со вирусот и да создаде природен имунитет. Затоа во интерес на Кина е да се вакцинираат што повеќе луѓе пред да ги ублажат мерките.

- Advertisement -

Гејтс додаде и дека ќе видиме различни стратегии за отворање на земјите, но се додека земјите имаат висока стапка на вакцинирани и доволно лекови, може да ги ублажат мерките. Она со што многу земји може да се соочат е степенот до кој ќе се отворат.

Иако е внимателно оптимистичен, Гејтс предупредува дека светот треба да научи што е можно повеќе од оваа пандемија за да биде спремен за следната. Меѓу другото, смета дека треба да се работи на тоа да се најде трајно решение за сезонскиот грип за да се намали заканата од идните пандемии.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -