Римац објави до каде е работата на кампусот вреден 200 милиони евра (ФОТО/ВИДЕО)

- Advertisement -

Во Света Недела во тек е изградбата на идното модерно глобално седиште на Bugatti Rimac и Rimac Technology во вредност од 200 милиони евра. Кампусот е еден од најголемите истражувачки, развојни и производствени комплекси во Европа, не само во автомобилската индустрија, според Rimac Automobili.

Работите на градилиштето на кампусот се емитуваат во живо на YouTube.

- Advertisement -

Со тест патека што го опкружува комплексот, музеј, дизајн, инженерски одделенија и капацитети за производство и тестирање, новиот кампус, како што тврдат, ќе биде уникатна локација и глобално седиште на Rimac Group.

„Rimac Campus ќе биде местото каде што ќе се дизајнира и развива секој иден модел на Bugatti и Rimac, како и компонентите што Rimac Technology ги развива за други производители“, пишуваат Rimac Automobili.

- Advertisement -

извор: biznisinfo.mk

Сподели!
- Advertisement -