GoNet ја гради една од најнапредните оптички мрежи во Скопје. Фокусирана е на иновативни услуги за компании!

- Advertisement -

Компанијата GoNet од Скопје е млада компанија фокусирана на обезбедување на комуникациски услуги за бизнис секторот која нуди напредни и сигурни телекомуникациски сервиси, како и професионални IT решенија за широкопојасен интернет пристап, етернет приватна линија, IP VPN услуга, VoIP телефонија и менаџирани хостинг услуги. Тимот на GoNet е составен од млад кадар на системски инженери кои ги следат светските трендови и достигнувања од областа на телекомуникациите и IT индустријата.

Владимир Стојковски, управител на GoNet, вели дека, со оглед на тоа што кризата со КОВИД-19 уште повеќе ја истакна потребата од електронски мрежи за комуникација со многу висок капацитет, кои овозможуваат далечинско работење и школување, видео конференции, деловна комуникација и брзини за пренос на податоци кои се удвојуваат на секои две години.

- Advertisement -

Kомпанијата започна да имплементира решение поддржано од Фонд за иновации и технолошки развој за 10Gb/s Ethernet, кое на пазарот ќе го понуди како услов за поефикасно и напредно работење.

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

Г-н Стојковски, кажете ни нешто повеќе за вашата компанија и каков тип на услуги нуди ГоуНет (GoNet)?

Како млад телекомуникациски оператор ја градиме една од најнапредните оптички мрежи во Скопје со подземна инфраструктура низ целиот град. Со планираната инвестиција и зголемување на постоечкиот капацитет на 10Gb/s, како прв од ваков вид во С.Македонија и мрежа со “mesh” топологија низ повеќе “PoP” точки на клучни локации низ градот Скопје, со тенденција за унапредување на комуникациските можности на градот.

- Advertisement -

Услугите кои Гоу Нет ги нуди се: Бизнис интернет, коорпоративен VPN , VoIP телефонија и Хостинг услуги, согласно светските трендови на најмодерна комуникациска технологија. Се работи за загарантирана достапност изведена со дедицирано оптичко влакно до корисник, за разлика од “GPON” технологијата каде едно оптичко влакно се дели на повеќе корисници. Со ова нашите корисници добиваат услуга која е на повисоко ниво и директен пристап до интернет со статичка “IP” адреса. На овој начин можат да се постигнат поголеми брзини и загарантирана достапност на клиентот. Ова е услуга во која се закупува брзина (bandwidth), не е ограничена со трансфер на податоци и е наменета за средни и големи бизнис корисници со која добиваат поголема професионалност. Нашата иновативност во овој дел е зголемувањето на можниот закупен опсег до брзина од 10 Gb/s.

Кога ќе треба да заврши надградбата на мрежата, и за кои индустрии овој вид на услуга е многу важна?

Ваков тип на услуга е многу важна за сите државни институции и за големи бизнис корисници, кои располагаат со повеќе експозитури или ограноци на компанијата, бидејќи е од особено значење податочното поврзувње помеѓу ограноците и централата. На пример, големите корпорации работат со таков тип на интерни системи за пренос на податоци, изолирани од интернет. Сите корисници, и централата и експозитурите, ќе можат да повлекуваат податоци од локалниот сервeр на компанијата со 10Gb/s брзина.

Надградбата на мрежата ја започнавме во септември годинава, а комплетирањето ќе трае една година. До септември идната година ќе треба мрежата да биде предадена во употреба, но планираме веќе на почетокот на 2022 година да биде активна за да имаме време за тестирање.

Вашата компанија го таргетира бизнис секторот, дали со оваа надградба отворате можност и за нови пазарни сегменти?

Отворени сме за секој пазар и соработка со сите субјекти кои имаат потреба од ваков тип на поврзување. Постојано, со нашиот тим ја следиме технологијата за пренос на податоци и подготвни сме да одговориме на секој предизвик.

Зошто досега немало иницијатива кај другите телекомуникациски оператори да се надгради овој тип на мрежа?

ГоуНет, како понов телекомуникациски оператор не е оптоварен од користење на застарен тип технологија, која веќе е во употреба и која потешко се мигрира. Во можност сме да поставиме најнова технологија и немаме пречки од типот да треба да направиме прекин на постоечките корисници, што ни овозможува лесно да преминеме на нов тип на опрема и сервис

Освен брзината на протокот на податоци, кои се другите придобивки од користењето на ваков тип мрежа?

ГоуНет е специјализирана компанија за обезбедување на комуникациски услуги преку имплементирање на најмодерната комуникациска опрема со цел на своите клиенти да им обезбеди стабилност, приватност и загарантирана достапност до 99,99% на месечно ниво. Располагаме со сопствена редундантна оптичка мрежа на целата територија на државата која е во континуиранa изградба и развој, за да биде во чекор со најновите светски достигнувања од доменот на електронските комуникации. Компанијата е фокусирана на пресретнување на потребите и барањата на корисниците и изнаоѓање на телекомуникациски решенија кои ќе го унапредат нивниот бизнис.

Брзината на трансфер на податоци е најглавна придобивка, но многу е важна и безбедноста на тие податоци. Тие се во околина изолирана од интернет, во која не можат да бидат мета на хакерски напад. Исто така достапноста на услугата е една од предностите кои ги нудиме, за клиентите на кои им е важно да имаат достапност до серверите во секој момент. Тимот на ГоуНет е флексибилен и секогаш може да изработи техничко решение според потребите на клиентот, без услови кои ние ги поставуваме.

Сподели!
- Advertisement -