Ковачевски: Очекуваме владата да донесе одлука за препорачана цена на електричната енергија

- Advertisement -

Очекуваме Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија, а потоа на 9 декември да доставиме понуда до ЕВН Хоум и да почнеме со подготовки за реализација на планот за 2022 година, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

На прес – конференција во РЕК Битола, Ковачевски потврди дека во 2022 година кон ЕВН Хоум ќе испорачуваат 100 проценти електринчна енергија наместо досегашниот минимум од 60 отсто.

- Advertisement -

-Ги направивме сите подготовки за утврдување на цената на електричната енергија со план за производство, финансиски план и план за јавни набавки за 2022 година, со табела од цени доставени до Владата која пак треба да донесе одлука со препорачана цена за количините на електрична енергија кои што АД ЕСМ ќе ги испорачува на ЕВН Хоум како универзален снабдувач на енергија за малите потрошувачи и за домаќинствата. Ние како АД ЕСМ одлучивме наместо со минимум 60 отсто, во 2022 година кон ЕВН Хоум да испорачуваме 100 проценти енергија, и тоа ќе значи таа компанија нема да набавува дополнителни количества енергија, или со други зборови АД ЕСМ ќе остане чувар или стабилизатор на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи. Очекуваме Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија, а потоа на 9 декември да доставиме понуда до ЕВН Хоум да почнеме со подготовки за реализација на планот за 2022 година, истакна Ковачевски.

АД ЕСМ како најголем производител на електрична енергија во државна сопственост ги вложи сите напори за вклучување на сите капацитети во тековната зимска сезона, соопштија од компанијата.

- Advertisement -

-ТЕЦ Неготино ќе почне со работа до крајот на месец декември и ќе работи до месец април. Во изминатиот период беше подготвуван за да биде во функција и се очекува по испораката на 38 илјади тони мазут да се произведува електрична енергија до средината на идниот месец, а потоа во јануари ќе се набават дополнителни количини за да производството на електрична енергија продолжи во наредните четири месеци. Во РЕК Битола наскоро, до крајот на месецов, во функција ќе биде ставен трансформаторот што беше опожарен, а потоа ќе продолжиме со работа на трите блокови на РЕК Битола. Хидропотенцијалот е на ниско ниво и тој ќе биде користен само за системски и балансни услуги, истакна Ковачевски.

Сподели!
- Advertisement -