- Advertisement -
Од космодромот Куру во Француска Гвајана викендов беше лансирана руската ракета-носач Сојуз СТ Б.
Успешно лансираше два сателити на европскиот глобален навигациски систем „Галилео“ во орбитата, соопшти компанијата – оператор на лансирањето „Аријанаспејс“.
- Advertisement -
„Потврдено е одвојувањето на двата сателити „Галилео“ од потисниот блок „Фрегата“. Нашите патници пристигнаа во планираната орбита!“, изјави генералниот директор на француската компанија Степан Израел.
Како дел од мисијата VS26, ракетата беше лансирана на еден час и 19 минути по средноевропско време од лансирната рампа на вселенскиот центар Гвајана во Јужна Америка. Според соопштението, сателитите биле лансирани во орбитата приближно четири часа по лансирањето.
- Advertisement -
- Advertisement -