Лекот на Glaxo Smith Kline и Vir делува и против омикрон варијантата

- Advertisement -

Британскиот производител на лекови Glaxo Smith Kline денес објави дека неговата терапија против болеста КОВИД-19 базирана на антитела, на која работат со партнер од САД, компанијата Vir Biotechnology, е ефикасна против сите мутации на новите варијанти на корона вирусот омикрон. Како што велат, тоа се податоците од најновата студија, која уште е во рана фаза.

Резултатите од истражувањето, кои допрва треба да поминат рецензии и да бидат објавени во медицинско списание, упатуваат на тоа дека лекувањето со нивниот лек е ефикасно против сите 37 досега идентификувани мутации во шилестите протеини, се вели во сооштението на Glaxo Smith Kline.

- Advertisement -

Лекот „сотровимаб“ е креиран да се врзува за шилестите протеини на површината на корона вирусот, но установено е дека омикрон има необично голем број мутации на тој протеин. Корона вирусот предизвикува инфекција со помош на протеините на својата површин, односно шилестите протеини, со кои се врзува за клетките на телото, влегува во нив и предизвикува болест. Затоа најголем дел од вакцините се развиваат на начин што ги таргетираат шилестите протеини, па вакцината во организмот предизвикува создавање антитела и Т-клетки кои се насочени кон шилестите протеини и го оневозможуваат продирањето на корона вирусот во клетките.

„Овие претклинички резултати на истражувањето укажуваат на тоа дека нашето моноклонско антитело може да биде ефикасно против најновата варијанта омикрон, но и против сите останати варијанти кои досега ги дефинираше СЗО“ изјави главниот научен директор на GSK, Хал Барон.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -