Хрватска ќе го воведе еврото во април следната година

- Advertisement -

Вицепремиерот и министер за финансии на Хрватска, Здравко Мариќ изјави дека во фаза на изработка е законот за воведување на еврото, чиј нацрт треба да биде објавен кон средината на јануари, а неговото усвојување се очекува во април следната година.

– Со овој закон ќе биде неопходно да се сменат 46 закони и повеќе од 70 подзаконски акти пред воведувањето на еврото, рече Мариќ на конференцијата „Хрватска како дел од еврозоната“.

- Advertisement -

Владата во Загреб го одреди 1 јануари 2023 година како датум кога Хрватска треба да биде подготвена за влез во еврозоната, а објавувањето на официјалната одлука за влез на Хрватска во еврозоната се очекува кон средината на следната година.

– Од тој момент Хрватска практично влегува во таа финална фаза и мораме да забрзаме, бидејќи ни претстои многу работа, рече Мариќ.

- Advertisement -

Тој додаде дека претстои големо прилагодување во финансискиот сектор и дека тоа има еден заеднички именител – „информирањето и заштитата на потрошувачите како интегрален принцип на целиот процес што се води“.

Според Мариќ, од август следната година со законот за еврото ќе се регулира обврската за двојно објавување на цените, што е еден од начините за ублажување на инфлаторните притисоци.

Сподели!
- Advertisement -