Исфрлањето на црвеното месо од исхраната може да спаси 750.000 животи годишно

- Advertisement -

Исфрлањето на црвеното месо од исхраната и замената за ситна риба, како што се инчуни, сардини или хариниг, до 2050 година би можело да ги намали болестите на глобално ниво и да се спасат до 750.000 човечки животи годишно. Ова се реузлтатите од студијата на тим од јапонски и австралиски научници.

Во Велика Британија намалувањето на консумацијата на црвено месо за 8% и замената со ситна риба во исхраната може за 26 години да спречи дури 10% од смртноста од срцеви заболувања, тврдат јапонските и австралиските научници, кои ја направија најголемата анализа од овој тип базирана на податоци од над 130 земји.

- Advertisement -

Освен тоа, истражувањето покажало дека користа од таквите промени во исхраната би била најизразена во сиромашните земји. Ситната риба е богата со хранливи материи и има низок карбонски отпечаток, иако луѓето моментално користат 26% од уловот. Останатиот улов, вклучувајќи значителна количина риба уловена во морињата на земји кои се соочуваат со неухранетост и несигурност во снабдувањето со храна, се претвора во рибино масло и брашно, со кои се хранат поскапи риби од типот на лосос или пастрмки.

Ситната риба е богата со омега-3 масни киселини, калциум и витамин B12 и има најмал карбонски отпечаток во споредба со други извори на животинска храна. Хроничните болести во 2019 година биле причина за70% од сите смртни случаи во светот, вклучувајќи и болести како кардиоваскуларни заболувања, рак на црева, дијабетес и мозочен удар.

- Advertisement -

Тимот научници ја проектирале потрошувачката на црвено месо во наредните децении во 137 земји во светот, проценувајќи ја достапноста на ситната сина риба како замена за црвено месо до 2050 година, користејќи историски податоци за риболов. Тимот научници утврдил дека таквата замена во иnovili su da bi takva zamena prehrсхраната би можела да спречи од 500.000 до 750.000 смртни случаи на глобално ниво до 2030 година.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -