Италијански хуманоиден робот може да лета како Железниот човек

- Advertisement -

Италијански научници развиваат хуманоиден робот кој еден ден ќе може да  лета. Роботите полека ги шират своите операции надвор од контролираните услови во лабораторија во хаосот на светската архитектонска инфраструктура во реалниот свет, а доаѓањето од точка А до точка Б стана предизвик.

Роботичарите развија безброј решенија. На пример, роботи кои можат да преминуваат преку секакви пречки до примерот на компанијата Boston Dynamics, чиј робот може дури да направи и салто наназад. Меѓутоа, шефот на лабораторија на италијанскиот Технолошки институт на хуманоидниот синтетички робот iRonCub постави целосно функционален jetpack со надеж дека еден ден ќе полета како Железниот човек.

- Advertisement -

Неговиот тим верува дека ваквите системи еден ден ќе може да делуваат како спасители во различни природни катастрофи, при кои годипно страдаат околу 90.000 луѓе.

Хуманоидните роботи се во предност над езотеричните конструкции и беспилотните летала кога се во прашање рекациите при катастрофи затоа што можат полесно да манипулираат со светот кој веќе е дизајниран за човечка употреба. Меѓутоа, во слулај на природна катастрофа тој свет, односно инфраструктурата дизајнирана за човечка употреба може да биде оштетена и непроодна. Со комбинирање на хуманоидниот робот со можноста за летање тимот научници ги искористиле најдобрите предности на двете технологии.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -