Научници дизајнираа светлечки маски кои детектираат корона вирус

- Advertisement -

Јапонски научници тврдат дека антителата на ној им помогнал да дизајнираат светлечки маски кои помагаат да се утврди дали некој е заразен со корона вирус. Необичната метода на откривање на корона вирусот ја развил тим од Универзитетот Кјото.

Научниците на ноеви им вбсизгале неактивен и безопасен облик на корона вирусот и потоа извршиле екстракција на антителата на специјален филтер поставен во вантрешноста на маската, Тој филтер свети под УВ светлина кога е присутен корона вирус.

- Advertisement -

После следење на 32 заразени лица во период од 10 дена научниците заклучиле дека светеле сите маски кои ги носеле заразени луѓе. Сјаењето со тек на време слабеело како што слабеел и корона вирусот. Претседателот на Универзитетот и лидер на проектот, Јасухиро Цукамото, изјави дека лично открил дека и самиот е заразен со корона вируст откако носел една од експерименталнте маски

Неговиот тим планира да направи експеримент со 150 учесници и да добие дозвола од владата за продажба на маските наредната година.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -