Нов Зеланд сака да усвои закон кој го забранува пушењето за една цела генерација

- Advertisement -

Со цел да спречи една цела генерација да пуши Нов Зеланд планира да усвои закон со кој сака да го сведе процентот на возрасни пушачи во земјата на помалку од 5% до 2025 година. Според бројките кои ги објави новозеландската влада, пушењето е една од главните причини за смрт на оваа островска нација. Пушењето таму убива по 5.000 луѓе годишно, а околу 12% од луѓето постари од 15 години пушат.

Постојните закони на Нов Зеланд забрануваат оомлади од 18 години да купат цигари и исто така земјата е една од 17 во светот кои се залагаат за обична амбалажа накутиите за цигари. Иако се забележува пад на бројот нна пушачи, со новите мерки владата сака да го намали тој процент на помалку од 5% во наредните пет години.

- Advertisement -

Овој потег главно се однесува на домородното население, каде што стапката на пушачи се уште е доста висока и ако не се реалзиира новиот план, ќе бидат потребни децении за да се намали стапката на помалку од 5%.

Според владата, четворица од петмина кои пушат почнуваат да пушат пред 18 години. Предлог-законот забранува сите помлади од 14 години до 2027 година да можат да купуваат цигари. Законот има за цел да спречи една цела генерација да почне да пуши. Во текот на наредните неколку месеци владата ќе се консултира со домородното население Маори и предлог-законот ќе биде преставен во јуни, а веројатно ќе биде имплементиран до крајот на идната година.

- Advertisement -

Освен забраната за купување цигари, владата сака да го намали и бројот на продавници кои продаваат цигари од 2024 година натаму, како и да ја намали количината никотин во производите од 2025 година натаму за на луѓето да им биде полесно да се откажат од пушење.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -