Time го прогласи Илон Маск за личност на годината

- Advertisement -

Најбогатиот човек на годината, кој воедно е и шеф на Tesla и на SpaceX, е прогласен за личност на годината од страна на американското списание Time. Маск таа титула ја наследи од американскиот претседател Џо Бајден и американската потпретседателка Камала Харис.

Ова е човекот кој сака да ја спаси нашата планета и да ни најде нова на којашто ќе можеме да се преселиме. Него го нарекуваат со секакви имиња: визионер, гениј, индустријалист, шоумен, кловн, човек без мера, луд хибрид меѓу Томас Едисон, П.Т.Барнум, Ендрју Карнеги и д-р Менхетен од Вочмен, човек-бог со сина кожа кој ги создал електричните автомобили и се сели на Марс. Сето тоа го пишува во описот на Маск кој го објави магазинот Time.

- Advertisement -

Освен Маск, Time ги избра и хероите на годината, односно научници чија работа доведе до вакцините против КОВКД-19, спортистите на годината и забавувачите на годината.

(Time)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -