LG претстави подвижен телевизор на батерии

- Advertisement -

CES 2022 е се поблиску, но една компанија порано претстави еден интересен уред. Станува збор за 27-инчен ТВ уред наречен LG StandbyME, кој може да работи без приклучување на струја благодарение на својата батерија.

Телевизорот е поставен на подвижен сталак, така што мобилен е и може лесно да се преместува. Сталакот овозможува прилагодување на висината на телевизорот, наведнување под агол, ротирање и слично.

- Advertisement -

StandbyME може да работи на батерии до три часа, после што ќе мора да се наполни батеријата. Тоа значи дека еден филм може комотно да се гледа од кое било место.

LG не ороизведува 27-инчни ОЛЕД панели, така што и овој телевизор има ЛЦД екран. Засега нема информации за резолуцијата и другите специфики на уредот.

- Advertisement -

Познато е дека има екран на допир, како и стриминг апликации како Netflix, Amazon Prime Video и YouTube. Исто така, поддржува NFC за поврзување со смартфон, а има и USB влез и најмалку еден HDMI влез.

LG уште ги нема објавено цените и датумот на продажба, но овие информации се олекуваат наредниот месец.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -