ЕУ ја одложи забраната за бензинците и дизелашите

- Advertisement -

Државите-членки на ЕУ денес олдучија да ја одложат конечната одлука за забрзана за продажбата на нови возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година натаму, објави шведското претседателство.

Кончената одлука требаше да ја донесат министрите за животна средина, кои се состануваат идната недела на 7 март, но сега замениците шефови на постојаните претставништва на државите-членки одлучија да го одложат тоа за некој друг состанок кој ќе се случи пдооцна годинава.

- Advertisement -

Преговарачите на Собранието на ЕУ, кои ги застапуваат државите-членки и Европскиот парламент, на крајот на октомври минатата година постигнаат начелен договор за уредбата која предвидува воведување задолжителна примена на нулта емисија од новите автомобили и комбија од 2035 година натаму, што знали дека повеќе нема да може да се продаваат нови бензинци и дизелаши.

Потоа договорот го потврди и Европскиот парламент на пленарна седница на 14 февруари година и остана да се донесе уште конечната одлука на Собранието за уредбата да може да стапи на сила.

- Advertisement -

Меѓутоа, во последно време почнаа да се слушаат критики, особено во Германија и во Италија, двете членки кои имаат силни автомобилски индустрии, дека поставениот рок е преамбициозен и премногу ран. Покрај Германија и Италија, резерви кон уредбата имаат и Полска и Бугарија. Ако Германија биде воздржана, а Италија против, во Собранието нема да има доволно гласови за да се добие квалифицирано мнозинство. Одлуката воСобранието може да се донесе ако за неа гласаат најмалку 15 од 27 земји-членки, кои имаат најмалку 65% од населението во ЕУ.

Ни во Европскиот парламент немаше уверливо мнозинство = ЗА гласаа 340 претставници, 279 беа против, а 21 претставник беше воздржан.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -