0.8 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Нови соларни панели се 15 пати потенки од хартија

Kabtel desktop

Истражувачи на Универзитетот Стенфорд развиваат ефикасен материјал за соларни панели кој е 15 пати потенок од хартија. Материјалот има потенцијал да апсорбира повисоко ниво на сончева светлина отколку другите соларни материјали и истовремено е могу полесен во споредба со силиконските алтернативи.

Истражувачите се дел од заеднички проект на научната заедница за пронаоѓање алтернатива за силиконските соларни панели. Силиконот е најчесто користениот материјал за соларни панели, но е тежок и крут, што значи дека не е погоден за места каде што треба да се стави нешто лесно како што се авионите, всленските летала, електричните возила или преносните гаџети.

Тумот истражувачи од Стенфорд успеаја да направат материјал со дебелина од само неколку стотини нанометри. Тие ги објавија своите наоди во списанието Nature Communications. Новиот материјал е составен од TMD, парчиња злато ставени во слој проводлив графен кој е дебе само еден атом. Сето тоа потоа се става во флексибилен анти-рефлективен поимер, кој ја подобрува апсорпцијата на светлина.

Истражувачите засега се соочуваат со предизвикот на произведат и да транспортираат неверојатно лесен и тенок материјал без да го оштетат. Главниот проблем е тоа што силикоските панели во моментот претвораат 30% од сончевата светлина во енергија, додека тој процент кај новиот материјал е само 2%. Иако материјалот има голем потенцијал да овозможи различни начини на примена, истражувачите ќе треба уште многу да го подобруваат за да биде доволно ефикасен.

Материјалот исто така не содржи токсични материјали и е биокомпатибилен, односно може да се користи за преносни гаџети кои доаѓаат во контакт со човечката кожа.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!