Oppo официјално го претстави телефонот на преклоп Find N

- Advertisement -

Oppo е четвртиот најголем производител на смартфони во светот, а оосле тизерит ешто ги објавуваше, дека конечно и официјално го претстави телефонот на преклоп Find N.

Смартфонот има екран од 5,49 инчи, а после отворањето има 7,1-инче флексибилен Serene Display екран. Она што е посебно кај дизајнот е форматот на екранот 9:8.4 (резолуција 1.920 x 1.792 пиксели за флексибилен АМОЛЕД екран, кој нуди практича употреба поради можноста за поделба на екранот.

- Advertisement -

Екстерниот АМОЛЕД екран има 9:18 формат (988 x 1.972 пиксели). Пократкото куќиште треба повеќе да одговара за носење на уредот во џев во однос на конкуренцијата.

Структурата на екранот од 12 слоеви може да издржи над 200.000 пати преклопување, па дури и температура од -20 степени. Find N има процесор Snapdragon 888. Телефонот има 12 GB LPDDR5 RAM и до 512 GB внатрешна меморија, а уредот користи ColorOS 12 базиран на Android 11.

- Advertisement -

Тежок е 275 грама. Има главна камера од 50 MP, Sony IMX766 сензор, ултраширокаIMX481 камера од 16 MP, како и 2x telephoto S5K3M5 камера од 13 MP, додека селфи камерата е IMX615 од 32 MP.

Find N има батерија од 4.500 mAh, која поддржува 33W Super VOOC брзо полнење и 15W AirVOOC безжично полнење.

- Advertisement -

Find N доаѓа во црна, бела и виолетова боја. Продажбата почнува на 23 декември, а цената се движи од 1.210 до 1.410 долари во зависност од RAM и внатрешната меморија. Засега уредот ќе биде достапен само во Кина, а дали ќе се појави и на други пазари уште не е познато.

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -