Австралиски научници вршат истражувања за да видат дали може да се обезбеди заштита од КОВИД-19 со прскање на разредувач на крвта во носот. Станува збор за спреј кој е на база на евтиниот лек хепарин со цел да се неутрализира шилестиот протеин на новиот корона вирус.
Со нанесувањето на овој спреј кај луѓе заразени со КОВИД-19 изгледа дека таа личност повеќе не е заразна. Нивните тестирања ќе завршат дури на средината на 2022 година, а ако хепаринот се покаже ефикасен, може да се користи во вакцини и други мерки.
Научниците се надеваат дека тој спреј ќе може да помогне и како метода за рано лекување и како маска за нос во стопирањето на ширењето а вирусот. Може и да се применува каде било каде што има мнгоу луѓе, вели водителот на студијата, Дон Кемпбел.
Иако други спрејови за нос се тестираат на глобално ниво во борбата против корона вирусот, ова е првиот спреј кој користи хепарин, кој е лесно достапен лек и се дава на луѓе со пореметување на згрутчувањето на крвта. Научниците велат дека кога ќе се вдише хепаринот не влегува во крвотокот и наместо тоа стои во носот со цел вирусот да се закачи за него наместо за човечките клетки.
Локалните австралиски власти ќе инвестираат 3 милиони долари во првото испитување на луѓе во 400 домови каде што има лица заразени со корона вирусот почнувајќи од февруари 2022 година. Луѓето ќе земаат 2-3 дози дневно за да се види дали спрејот делува на спречувањето на преносот на вирусот во домаќинство со заразени лица. Ако се покаже ефикасен, ќе се прошири и на поголеми средини.
Професорот Кемпел вели дека самиот тој спрејот го користи веќе 20 месеци и досега не забележал никакви нуспојави.
(BBC)
(фото: Flickr)