Најголемиот телескоп во светот James Webb има доволно гориво за над 10 години мисија

- Advertisement -

После речиси 30 години планирање и напорна работа, НАСА го лансираше својот телескоп вреден 10милијарди долари, кој всушност е вселенска опсерваторија од најнова генерација. Лансирањето се случи на 25 декември, а сателитот моментално е на пат до својата крајна дестинација.

Сега дознаваме дека JWST можеби ќе патува и ќе собира податоци многу подолго од очекуваното. Имено, беше прогонзирано дека JWST ќе биде функционален од 5 до 10 години, но последните анализи на НАСА открија дека опсерваторијата има доволно гориво за научни операции многу подолго од 10 години.

- Advertisement -

„Анализите покажуваат дека е потребно помалку гориво отколку планираното за да се коригира траекторијата на сателитот до финалната орбита. Затоа, Webb ќе има многу повеќе гориво отколку првичните проценки, иако многу фактори може да влијаат на времетраењето на работата на James Webb“ се вели во соопштението на НАСА.

Како што велат од американската всеченска агенција, вишокот гориво се должи на прецизноста на лансирањето, кое беше исклучително успешно, како и на успешно завршените маневри за коригирање на насоката на движење.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -