ВИДЕО: Летачкото такси SkyDrive слета на CES во Лос Анѓелес

- Advertisement -

Освен хардвер, гаџети и паметни автомобили, на годинашниот саем CES повторно можеше да се види и понекое летачко такси. Посебно внимание кај посетителите привлече компактното летало на јапонската компанија SkyDrive, односно нејзиниот најнов модел со ознака SD-03.

На развојот на ова летачко такси учествува и јапонската вселенска агенција JAXA, која го тестира во своите погони, каде што инаку се тестираат вселенски летала. Со своите 8 ротори SkyDrive изгледа како голем дрон кој може да превезува едно лице. Димензиите се 4 x 5 x 2 метри, а постојниот модел веќе се тестира во лет, како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Јапонската компанија вели дека веќе работи на новиот модел SD-05, кој ќе биде поголем и помоќен и освен пилотот, ќе може да превезува и еден патник. Иако леталото предизвика голем интерес меѓу посетителите на CES, не беше демонстрирано во лет, иако некои се надеваа дека ќе може да се повозат на небото над Лас Вегас.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: SkyDrive)

Сподели!
- Advertisement -