Луѓето поминуваат просечно 4,8 часа дневно на своите мобилни телефони, според компанијата за мониторинг на апликации App Annie, пренесува BBC.
Извештајот покажува дека апликациите биле преземени 230 милијарди пати во 2021 година, додека за нив биле потрошени 170 милијарди долари.
ТикТок е најсимнуваната апликација ширум светот, а корисниците поминуваат 90% повеќе време на неа во споредба со 2020 година.
„Големиот екран полека умира бидејќи мобилните продолжуваат да уриваат рекорди во буквално секоја категорија – потрошено време, преземања и приходи“, рече главниот извршен директор на App Annie, Теодор Кранц.
Фирмата за следење на овие трендови предвиде дека до втората половина на оваа година, ТикТок ќе надмине 1,5 милијарди месечни активни корисници.
Просечното време потрошено на мобилни апликации е четири часа и 48 минути, што е за 30% повеќе од 2019 година, покажа извештајот на App Annie.
Ова беше пресметано врз основа на податоците од десет пазари, вклучувајќи ги Индија, Турција, САД, Јапонија, Мексико, Сингапур и Канада.
Корисниците во Бразил, Индонезија и Јужна Кореја надминале дури пет часа дневно.
Во тоа време, седум од секои 10 минути биле потрошени на социјални, фото и видео апликации, со ТикТок како предводник, сугерира извештајот.
Мобилниот екосистем генерално останува многу здрав – со два милиони нови апликации и игри лансирани во 2021 година.
Јутјуб е најпопуларната апликација за видео стриминг ширум светот, со повеќе од еден милион преземања во 60 различни земји. Нетфликс е втор во многу региони.
Мобилните игри исто така бележат раст – со тоа што луѓето потрошиле 116 милијарди долари на нив. Посебно популарни беа она што извештајот ги нарече хипер-кажуал игри како што се Hair Challenge, во кои играчите треба да избегнуваат да се стрижат и Bridge Race, во која играчите собираат цигли и градат скали.
Некои од трендовите забележани во истражувањето рефлектираа пошироки промени, особено во тоа како пандемијата го промени начинот на живеење на луѓето.
На пример, луѓето поминуваа многу време во апликации за купување – повеќе од 100 милијарди часови на глобално ниво, а најбрзо растат Сингапур, Индонезија и Бразил.
Имаше и огромен раст на апликациите за храна и пијалоци – како што се UberEats и Grubhub.
Бројот на сесии на вакви апликации пораснал на 194 милијарди во 2021 година, според истражувањето – 50% повеќе во однос на претходната година.
Апликациите за здравје и фитнес исто така забележаа раст, бидејќи пандемијата значеше дека луѓето не можеа секогаш да посетуваат теретани или да одржуваат групни часови за вежбање.
И како одраз на поголем акцент на менталната благосостојба, апликациите за медитација како Headspace и Calm се покажаа популарни – особено кај младите луѓе, при што првите пет најсимнувани забележаа раст од 27% во 2021 година.
Плаќањето за апликации за состаноци се зголеми над 4 милијарди долари, што е зголемување од 95% од 2018 година.
И во земјите со апликации кои помагаат во справувањето со ковид кризата, без разлика дали се пасоши за вакцини или само следење информации, се забележа огромно нивно преземање.
Извор- Радио МОФ