Властите на Тиенџин, град на северот на Кина, наредија втора рунда тестирање на КОВИД-19 на сите 14 милиони жители поради 97 случаи на омикрон откриени пред неколку дена. На жителите им е забрането да излезат од дома додека не добијат резултати на сите тестови на нуклеинска киселина.
Досега се направени околу 12 милиони тестови, при што вратени се 7,8 милиони примероци. Инфекциите прв пат биле пријавени во саботата во градот кој е оддалечен само еден час од Пекинг, кој од 4 февруари ќе биде домаќин на Зимските олипмиски игри.
Градската канцеларија за превенција и контрола на КОВИД-19 соопшти дека сите кои биле позитивни во почетната рунда тестирање имаат омикрон сој. Кина досега пријавуваше само неколку случаи на тој сој од корона вирусот. Извор на заразата таму уште не е откриен и луѓето кои евентуално го шират омикрон сојот тоа го прават и несвесно затоа што немаат симптоми.
Милиони луѓе се во изолација во други градови во согласност со строгата политика за нулта случаи, која на Кина и овозможува во голема мера да ја контролира големата епидемија и покрај економските последици.
Кина вкупно има пријацено 166 нови случаи на инфекција со КОВИД-19 во последните 24 часа, од кои 33 се во Тиенџин и 118 во провинцијата Хенан, но само 8 во градот Сиан, каде што властите воведоа строго заклучување на 23 декември минатата година.
(Beta)
(фото: asm.org)