Уште една земја ќе тестира четиридневна работна недела

- Advertisement -

Шестмесечната програма ќе им овозможи на компаниите да работат 32 часа неделно, а притоа надоместоците и бенефициите за вработените да останат непроменети

Пробата за четиридневната работна недела во Велика Британија ќе започне во јуни, а во неа ќе учествуваат 30-тина компании кои досега се пријавиле. Шестмесечната програма ќе им овозможи на компаниите да работат 32 часа неделно, а притоа надоместоците и бенефициите за вработените да останат непроменети.

- Advertisement -

Компаниите може да бараат од вработените да прераспределат 32 часа работа на пет дена.

„Префрлувањето на четиридневна недела би било корисно за компаниите“, вели Џо Рајл, директор на кампањата за четиридневна работна недела во Велика Британија.

- Advertisement -

– Истражувањата покажаа дека продуктивноста се подобрува, а и работниците се чувствуваат подобро – посочи тој.Пробата во Обединетото Кралство е една од неколкуте слични што ги применува „4 Day Week Global“ низ светот, со цел работната недела да биде пократка.

Слични програми треба да започнат и во САД и Ирска, а се планира оваа програма да се тестира и во Канада, Австралија и Нов Зеланд, рече Рајл.

- Advertisement -

Програмата ќе им помогне на компаниите да се оддалечат од едноставно мерење на времето колку долго луѓето биле „на работа“, а наспроти тоа поголем фокус да стават на исходот од нивната работа“, рече Џо О’Конор, менаџер на кампањата.

Извор – Вработување.мк

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -