Нова вакцина е ефикасна против омикрон

- Advertisement -

Француската компанија Valneva влезе во третата фаза од клиничките тестирања на својата нова вакцина наречена VLA2001, која укажува дека може да биде ефикасна и против омикрон варијантата на корона вирусот.

Најголем дел од постојните вакцини се базираат на шилестиот протеин на корона вирусот, додека VLA2001 содржи целосни копии од клетки на вирусот одгледани во лабораторија и потоа деактивирани со употреба на хемикалии или топлина.

- Advertisement -

Овој процес е еден од традиционалните начини за изработка на вакцини. Успешно се користи со децении, а неодамна се користи и за развој на годишни вакцини против грипот.

Австралиски истражувачи минатата година објаснија дека постои начин деактивираните вакцините со цел вирус да бидат многу поефикасни против варијантите на САРС-КоВ-2 затоа што му помагаат на телото да научи како да ги таргетира вирусните антигени, а не само шилестите протеини.

- Advertisement -

Се очекува дека овој вид на инактивација ќе ја зачува структурата на вирусните протеини, како што би се случувало и во природата. Тоа значи дека имунолошкиот систем ќе биде соочен со нешто слично на она што се случува природно и ќе предизвика силен имунолошки одговор.

VLA2001 моментално се наоѓа во трета фаза од тестирањето на луѓе, а сите резултати од тестирањето редовно се испраќаат до регулаторните тела во Европа. Се очекува дека вакцината ќе добие дозвола за општа употреба за неколку месеци.

- Advertisement -

Сите тестирани примероци се покажале ефикасни за неутрализација на оригиналниот сој на САРС-КоВ-2 и делта варијантата, додека вакцината се покажала ефикасна и против омикрон во 87% од случаите.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -