Sophos е прогласен за најдобра компанија за сајбер безбедност за 2021 година

- Advertisement -

Sophos, глобален лидер на пазарот за нови генерации сајбер безбедност, објави дека е прогласен за најдобра компанија за сајбер безбедност за 2021 година од страна на Channel Partner Insight. Компанијата е прогласена за победник на 2021 Channel Innovation Awards за своите иновативни решенија и услуги за сајбер безбедност, кои обезбедуваат подобра заштита од сајбер напади и го подобруваат растот на компаниите.

„Денешните сајбер криминалци се неуморни и постојано ги менуваат своите тактики, техники и процедури со цел да ја избегнат детекцијата и да ги спроведат нападите, како што пишува и во деталниот извештај Sophos 2022 Threat Report. Sophos е уште понеуморен во својата помош за организациите од сите големини да се одбранат од таквите напади. Ние сме посветени на тоа да им помогнеме на нашите партнери да ги заштитат своите лојални клиенти од напредни напади. Затоа го проширивме портофлиото со врвни решенија и услуги на пазарот, кои го прават токму тоа“ вели Erin Malone, постар потпретседател за продажба во САД.

- Advertisement -

Sophos претстави неколку новини во 2021 година

Меѓу нив е и адаптивниот екосистем за сајбер безбедност (Аdaptive Сybersecurity Еcosystem  – ACE). Изграден врз основа на најбогатиот податочен фонд на Sophos, екосистемот издвојува и прави корелација меѓу решенијата и услугите на Sophos, а користи и информации за закани од SophosLabs, SophosAI и Sophos Managed Threat Response (MTR). Паметниот екосистем секогаш учи и напредува, овозможувајќи им на партнерите да ја подобрат својата одбрана, и им го олеснува извршувањето на операциите и генерирањето на нови извори на приходи, така што ќе ги мотивираат корисниците да купуваат слични и поквалитетни производи.

- Advertisement -

Ново во портфолиото е Sophos XDR

Sophos XDR e eдинственото решение за детекција и одговор, кое ги синхронизира крајните точки, серверите, заштитните ѕидови, имејловите и безбедноста во облак. Достапно е со Sophos Intercept X, со штo е овозможена проширена детекцијата и одговорот за крајните корисници, како и холистички поглед на средината на една организација со најбогати податочни сетови и длабинска анализа за детекција на закани, истражување и одговор.

- Advertisement -

Редизајнираниот Sophos Firewall уште повеќе ја зголемува заштитата од сајбер закани за партнерите. Новите опции на XGS Series имаат врвни перформанси и заштита од сајбер напади со најдобрата инспекција во индустријата Transport Layer Security (TLS), која е до пет пати побрза отколку кај други модели.

„Наградите само го дополнуваат успехот на овој многу конкурентен пазар кој молскавично се развива. Она на што бевме сведоци изминатите години е доказ дека сега повеќе од кога било иновативноста е она што ве издвојува кај корисниците и придонесува за раст. Битно е да се слави успехот, а ние сакаме да ставиме акцент на компаниите кои се на самиот врв“ вели Sherpa Green, уредник на Channel Partner Insight.

За Sophos

Sophos е светски лидер на пазарот за нови генерации сајбер безбедност и заштитува повеќе од 500.000 организации и милиони корисници во над 150 земји во светот од денешните најнапредни сајбер закани. Опремен со огромна база податоци, AI и машинско учење од SophosLabs и SophosAI, Sophos нуди широко портфолио на напредни производи и услуги за безбедност на корисниците, мрежите и крајните точки од уценувачки софтвер, злонамерен софтвер, експлоатирачки софтвер, фишинг и уште многу други видови сајбер напади. Sophos обезбедува интегрирана конзола за менаџирање базирана во облак, Sophos Central – кој е централниот дел од адаптивниот екосистем за сајбер безбедност кој има централизирано езеро од податоци и обезбедува многу отворени интерфејси за програмирање апликации за своите корисници, партнери, девелопери и други компании за сајбер безбедност. Sophos ги продава своите производи и услуги преку мрежа од партнери препродавачи и менаџирани провајдери на услуги во целиот свет. Sophos е со седиште во Оксфорд, Обединето Кралство. Повеќе информации можете данајдете на www.sophos.com.

Производите на Sophos побарајте ги во КАБТЕЛ. Искористете ја промоцијата до 31.03.2022 за бесплатен хардвер.

Сподели!
- Advertisement -