Русин ја направи првата функционална светлосна сабја во светот

- Advertisement -


Гинисовата книга на светски рекорди му ја додели титулата за изум на првата функционална светлосна сабја во светот (оружјето од популарната научно-фантастична серија „Војна на ѕвездите“) на еден јутјубер од Русија, кој на проектот работел со години.

Русинот Алекс Буркан е човекот кој ја направи сабјата чие сечило е од светлина и може да пресече дури и челик. Тој вели дека е голем обожавател на серијата и дека сабјата му била омилениот гаџет од филмот.

- Advertisement -

Светлосната сабја која ја патентирал произведува плазма за сечилото со должина од околу 1 метар и достигнува темпeратура од над 2.800 степени Целзиусови. Буркан вели дека од 2013 година ја проучувал опремата за производство на водород, што му дало идеја за светлосната сабја. Со години собирал идеи и резервни делови од интернет и од депонии.

Клучот на неговата сабја е електролизаторот, кој водата ја дели на водород и кислород. Тој процес после години работа усеал да го прилагоди за да формира облик и должина потребни за неговата светлосна сабја. Најголемиот предизвик му бил да го стави целиот систем за дистрибуција на гас во дршката од сабјата. Кога успеал да го направи тоа, имал функционално оружје исто како од популарниот филм.

- Advertisement -

Моментално сабјата работи само 30 секунди со полна сила, но Буркан се надева дека ќе продолжи со надградби. „Мислам дека науката ќе ни помогне и конечно можеме да ја приближиме светлосната сабја до филмската верзија“ вели Буркан.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -