Дијабетес или епидемија на 21от век

- Advertisement -

Дијабетесот или т.н шеќерна болест во последните децении е во постојан раст. Во светот, околу 463 милиони луѓе страдаат од дијабет – статистика која силно говори дека ова хронично метаболичко нарушување претставува епидемија на 21-от век.

Шеќерната болест се јавува кога панкреасот во човековиот организам не може да продуцира доволно инсулин, или пак, кога веќе произведениот инсулин не може правилно да го искористи.

- Advertisement -

Се одликува со покачена гликоза (шеќер) во крвта која најчесто предизвикува непријатности кај пациентите, како што се зголемен умор, сува уста, зголемено чувство на жед и глад, раздразливост, проблеми со концентрација и видот.

Постојат неколку типови дијабетес – тип 1, тип 2 и гестациски дијабетес. Карактеристично за дијабетес тип 1 е недостатокот на лачење на инсулин од панкреасот, додека пак дијабетес тип 2 се појавува како резултат на неефикасната употреба на инсулин од телото. Гестацискиот дијабет се дијагностицира во текот на бременоста преку пренатален скрининг кој покажува зголемена гликоза во крвта од вообичаената.

- Advertisement -

Дијабетесот предизвикува срцеви заболувања, дијабетична ретинопатија, проблеми со крвните садови и нервите, како и заболувања на бубрезите. Важно е да се знае дека здравиот начин на живот, исхрана, практикување на спортска активност и редовните лекарски прегледи се одлична превенција и заштита од оваа хронична болест.

Следењето на нивото на шеќерот во крвта е од круцијална важност посебно за оние со дијагностициран тип 1 и тип 2 дијабет. Затоа, отсега, преку новата услуга „Со неколку клика до крвна слика“ за поголема достапност на лабораторијата СИНЛАБ, пациентите може онлајн да испланираат и да закажат термин за здравствени анализи, со термини за закажување на секои 15 минути. Пациентите, еден ден претходно може да закажат за изработка на лабораториски анализи, самите да го одберат изборот на датум, часот и параметрите.

- Advertisement -

ПЗУ СИНЛАБ е во чекор со технологијата и современиот пристап со цел олеснување, но и модернизација на услугите за сите пациенти. Услугата на СИНЛАБ е достапна на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -