Илон Маск го лансираше сателитскиот интернет Starlink Premium

- Advertisement -

SpaceX го лансираше сателитскиот интернет Starlink Premium, чија претплата ќе изнесува 500 долари. Благодарение на интернетот на Маск, корисниците ќе можат да сурфаат на интернет со брзина од дури 500 Mbps.

Покрај тоа што ја развиваат најбрзата ракета во историјата, со која луѓето ќе можат да одлетаат на Марс и за годинава планираат секоја недела да лансираат по една ракета во вселената, SpaceX сака и на сите во светот да им овозможи пристап до брз интернет. Иако денес не можеме да го замислиме животот без интернет, за многумина во светот конектираноста на интернет уште не е достапна.

- Advertisement -

SpaceX сака да го промени тоа со Starlink и бројните сателити кои веќе ги испратија во вселената, преку кои корисниците ќе добијат брз интернет. Но, како што гледаме, тоа воопшто нема да биде евтино.

Кај нас уште не е достапна оваа услуга, но во некои од соседните земји може да се нарача. На пример, ако сакате да набавите Starlink во Хрватска, прво ќе треба да платите околу 600 долари за инфрастурктурата, која вклучува сателитска антена, сталак и рутер и дополнителни 100-ина долари за поштарина. Потоа, кога сателитскиот интернет ќе стане достапен во Хрвстак,а што се очекува во текот на наредните неколку месеци, ќе треба да се плаќаат уште околу 100 долари есечно за самата услуга. Моменталната брзина на интернетот на Starlink изнесува од 50 до 200-300 Mbps.

- Advertisement -

SpaceX неделава ја претстави својата дополнителна услуга Starlink Premium. За неа ќе треба да се платат околу 2.500 долари за инфраструктурата и 500 долари депозит за кога услугата ќе стане достапна, да имате пристап до сервисот. есечата претплата за оваа услуга е дури 500 долари.

За тие пари од Ѕtarlink велат дека корисниците ќе имаат пристап до интернет со брзини од 150 до 500 Mbps, со латенција од 20-40 ms.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -